Драма на летот над Македонија
Шеесет и едногодишен патник од Србија е повреден во денешниот инцидент на авион на „Рајанер“, кој принудно се врати на аеродромот во Солун откако бил откриен дефект на еден од моторите додека летал над Македонија. Драмата се случувала за време на принудното слетување на аеродрмот Македонија, кога дел од оштетениот мотор удрил во еден од прозорците на патничката кабина.
Грчките медиуми пренесуваат различни верзии на кој начин бил повреден патниктот. Сведоци за Радио Солун изјавиле дека патникот кој седел до прозорецот за малку ке излетал од кабината. Поради разликата во притискот тој бил полечен кон отворот а неговата глава штрчела од авионот според сведоштвата. Неговата сопруга пет минути го држела за нозете додека други патници го влечеле да не излета.
Пантиткот се спасил и зошто имал безбедносен појас, рекле сведоците.
Весникот Катимерини обајви дека за време на слетувањето се откачил дел од моторот кој удрил во еден од прозорците на авионот предизвикувајќи полесна повреда кај еден патник.
„Катимерини“ пренесе и соопштение на компанијата „Рајанер“ во кое, пак, се вели дека еден прозорец се откачил во текот на летот.
„Рајанер“ не ги коментираше извештаите дека еден патник речиси паднал од авионот откако прозорецот до кој седел се скршил. Компаниајата потврди дека еден патник побарал и добил медицинска помош на земја во Солун, без да прецизира како се случиле повредите.
Патникот е задржан во болница во Солун поради повреда на вратот соопштија грчките здравствени власти. Официјални информации за причините за инцидентот и што точно се случувало во авионската кабина се очекува да даде истрагата што веќе е почната од страна Воздухопловните власти на Грција. Авионот леташе кон Меминген.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
