Зелената салата благотворна против несоница

Од целиот спектар од трикови за помирен и поцврст сон, некои од нив, според некои стручњаци, може да бидат сомнителни. Но, други се потврдени од лекари и препорачани од поединци со несоница, кои ги пробале на себе.
„Тиктокерите“, на пр., веќе знаат за топлата напивка од вода и зелена салата, за побрзо заспивање. Самиот напиток е едноставен и безбеден за подготовка – се зоврива вода, се додава зелената салата и се остава да отстои околу 10 минути. Тоа потоа се пие и, како што вели еден задоволен корисник – зелена салата можеби звучи малку чудно, но делува.
Има и истражување што покажало дека глувците хранети со зелена салата спијат подолго. Но, испитувањата се направени на животни и засега не може со научна точност да се потврди дека резултатите би биле исти и кај луѓето.
Иако водата од зелена салата сè уште не е научно тестирана на луѓе, јасно е дека многу луѓе кои ја пијат пред спиење забележуваат смирувачка корист. Освен самиот екстракт од зелената салата, и самата топла вода може да помогне во опуштањето на телото и за подобар сон.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
