Втора победа на македонските тенисерки во Били Џин Кинг купот

Македонската женска тениска репрезентација ја забележа втората победа во рамки на Третата Европска зона во Били Џин Кинг Купот, откако попладнево во Скопје беше поуспешна од Азербејџан со максимални 3-0.
По вчерашната стартна победа против Албанија со идентичен резултат, триумфот против Азербејџан беше заверен по двата сингл натпревари во кои Александра Симева ја победи Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови (6-1, 6-1), додека Магдалена Стоилковска беше убедлива против Лала Еивазова со 2-0 во сетови без загубен гем.
Печат на победата ставија младите македонски тенисерки Ива Данева и Ана Митевска со победата во двојки над Сулејманова/Еивазова со 6-0, 6-0 за 31 минута игра.
Утре во дуелот од третото коло македонските тенисерки ќе играат против првиот носител од Б групата, селекцијата на Финска.
Ново на Сител
-

Шест нови мерни станици за следење на квалитетот на воздухот во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
