Македонија
10. May 2026 - 16:27

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри

Загрижувачки е недостигот на медицински сестри во Македонија. Условите за работа и парите се помеѓу главните причини поради кои сестрите си одат во странство, а таму добиваат поголема почит, повеќе финансии, но и бенефиции. Алармантно е што надвор заминуваат искусни и веќе обучени сетсри. Што треба да направи државата за да ги задржи дома?

-Сестрите треба да бидат препознаени и вреднувани, рече Велка Гавровска – Лукиќ, претседателка на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.

Во земјава недостигаат и акушерки, особено на примарно ниво.

-Акушерството самото по себе не е само професија, туку и една уметност што во себе ги вклучува и грижата за мајката и за бебето , изјави Тања Трајковска, дипломирана акушерка.

Здравствените власти уверуваат дека преземаат мерки за да ги задржат сестрите во земјава.

-Генерално медицинските сестри добија значително покачување на платите за околу 30 отсто номинално, или 15 посто реален раст ако ја одбиеме инфлацијата овој период, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗО.

-За два месеца направивме силен исчекор со вработување над 1.250 лица во јавноздравствениот сектор, а голем дел од нив се токму медицински сестри. Со ова, праќаме порака дека државата ја вреднува вашата работа, вашиот труд и вашата посветеност, рече Азир Алиу, министер за здравство.

Неделата на сестринството и годинава беше одбележана со повеќе настани.