БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, деновиве привлекоа големо внимание во Германија на светскиот саем ИФАТ — водечки меѓународен саем за технологии за животна средина, комунална опрема и одржлива урбана инфраструктура.
Рамо до рамо со конкуренцијата од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, Соединетите Американски Држави и други земји производители во оваа индустрија, македонската компанија ги презентираше своите најсовремени решенија за одржување на урбаната хигиена.
Од „Грин Машинс“ велат дека клиентите денес бараат возила со различни типови на погон - електрични, дизел и водородни - а македонскиот производител нуди комплетна палета на решенија.
Дури 98 проценти од производството на БРАКО и „Грин Машинс“ се пласира надвор од државата, во повеќе од 60 земји низ светот. Последната голема испорака беше реализирана во Саудиска Арабија, поточно во главниот град Ријад, каде беа испорачани 52 возила за одржување на урбаната хигиена.
„Грин Машинс Македонија“ има свои компании-ќерки во Обединетото Кралство, Холандија и Соединетите Американски Држави.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
