Водата во Скопје е безбедна за пиење

Согласно добиени резултати од испитувања, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, информирајќи за дневните мониторинг - активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење.
Денеска од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие, земени биле 42 примерока од водоводната мрежа на град Скопје, од кои, четири примероци од бунарскиот потег Нерези - Лепенец.
Од јавното претпријатие потсетија дека на сите примероци им се изработува физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, во акредитираните лаборатории при секторот Санитарна контрола.
МИА
Ново на Сител
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
