Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
Поради заканите дека ќе го заколел премиерот на плоштад и пцовки кон неговото семејство, 39 годишник од селото Черкези заврши во осум дневен притвор. Тој и претходно и бил познат на полицијата, вршел и други кривични дела, насилство, лихварство и имал поголем број прекршоци за нарушување за јавниот ред и мир, но и поради ризикот од бегство, обвинителството побара притвор за него.
Согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува, соопштија од Обвинителството.
Поради сомнение за кривичното дело загрозување на сигурноста, полицијата по итна постапка поднесе кривична пријава.
На 11.09.2026 на објава на профил на социјална мрежа на Претседателот на Владата на РСМ, пријавениот напишал коментар со заканувачка средина. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор од траење од осум дена, соопштија од МВР.
Премиерот јавно кажа кои закани ги употребил сега веќе приведениот и побара истражните органи да го расчистат случајот.
„Јас дознав во текот на вчерашниот ден за тие закани коишто се напишани на социјалните медиуми од ова лице, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад и упати пцовки кон мене и моето семејство. Јас сум сепак институција, кога не би бил ова знам како се решаваат тие работи, но претпоставувам дека институциите си ги преземале своите надлежности и преку МВР лицето е обезбедено и се надевам понатаму тоа ќе го спроведе и правосудниот систем“.
Според Кривичниот законик максималната казна затвор за ова кривично дело е до пет години.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
