Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
Наместо евроинтеграциите да ги менуваат институциите, некои земји членки се обидуваат да го менуваат македонскиот идентитет, порача премиерот Христијан Мицкоски од самитот „Конкордија“ во Њујорк. Тој вели дека и покрај фрустрацијата од долгогодишните блокади, Македонија останува на европскиот пат, а од Брисел стигнуваат сигнали дека француско-германскиот предлог од самитот во Тиват би можел да стане официјална политика на ЕУ.
Мицкоски зборуваше и за продлабочувањето на стратешкото партнерство со САД, енергетските и инфраструктурните проекти и оцени дека земјата е во добра економска форма.
Премиерот Мицкоски предводи владина делегација во работна посета на соединетите американски држави. Тој во Вашингтон имаше средби со претсавници на американскиот стејт департмент и конгресот по што делегацијата се пресели во Њујорк каде што Мицкоски ќе учествува на Генреалното Собрани на обединетите нации.
На маргините вчера, Мицкоски имаше разговор со американскиот државен секретар Рубио и офицјиална средба со заменикот државен секретар Ландау.
