Македонија
23. September 2026 - 14:03

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени

На 22.09.2026 во 17:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на фабрика „Железара“ настанал пожар. Во моментот на настанот, во објектот работеле лица кои забележале чад, по што набргу настанал пламен.

Од пожарот биле зафатени две бараки со разни предмети. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен соопшти МВР.