-->
-->
Верстапен го престигна Фетел во победи за Ред Бул
-->

Двократниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, стана рекордер по број на победи во Ред Бул.
Успехот на Големата награда на Монако го стави Верстапен пред четирикратниот носител на титулата Себастијан Фетел во победите со австрискиот тим. Макс освои 39 победи (сите за Ред Бул), Себастијан освои 53 во Ф1, од кои 38 со Булс.
Само двајца возачи почесто победувале со ист тим: Луис Хамилтон во Мерцедес (82) и Михаел Шумахер во Ферари (72).
Дополнително, Верстапен стана седмиот возач во историјата на Формула 1 кој ја поминал границата од 2000 круга во водство, додека Ред Бул со 5.672 се искачи на 5.место пред Лотус со 5.624 во оваа статистичка категорија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ако поскапувањето на горивата продолжи, ќе се намали ДДВ-то
-

Нов протест на струмичките земјоделци, бараат почитување на договорените цени за „ајварката“
-

Мицкоски за изјавата на Јотова: Не навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век
-

Кос: Мора да се промени начинот на проширување на Европската Унија
-

Одбраната го оспорува градежното вештачење за „Пулс“
-

Вашингтон најавува економска офанзива против Иран - Санкции и за земјите што ќе му помагаат на Техеран
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
