Трамп: Кралот Чарлс Трети се согласува дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека британскиот крал Чарлс Трети се согласува дека Иран не треба да поседува нуклеарно оружје.
„Во моментов работиме на прашањата на Блискиот Исток и тоа оди многу добро“, изјави Трамп во обраќање на официјална вечера во Белата куќа организирана во чест на монархот.
Настанот се одржа на вториот ден од четиридневната посета на Чарлс на САД, во време на тензии во односите меѓу двете земји, откако Трамп повеќепати упати критики кон британскиот премиер Кир Стармер за, како што наведе, недоволна помош „во водењето на војната против Иран“.
„Од воена гледна точка го победивме овој противник и никогаш нема да дозволиме тој противник – Чарлс се согласува со мене дури и повеќе отколку јас самиот – да поседува нуклеарно оружје“, додаде тој.
Во своето обраќање по Трамп, Чарлс не го спомена Иран ниту војната.
Кралот Чарлс Трети во обраќањето пред Конгресот не зборуваше директно за војната со Иран, но се осврна на критиките на Доналд Трамп кон НАТО и ја нагласи важноста од континуираната американска помош за Украина, како и опасноста од изолационизмот.
И Обединетото Кралство и САД со години го застапуваат ставот дека Иран не треба да развива нуклеарно оружје.
Техеран не поседува нуклеарно оружје и негира дека има намера да го стекне, но истакнува дека има право да развива нуклеарни технологии за мирољубиви цели, вклучително и збогатување ураниум, како потписник на Договор за неширење на нуклеарно оружје.
МИА
Ново на Сител
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
-

СДСМ ги реализираше заканите - не дојде на состанок на работната група за Изборен законик
-

Раде Трајковски-Штекли осуден на осум години затвор
-

Можно е дополнително намалување на акцизата за бензините, ДДВ-то на дизелот останува исто
-

Во првиот квартал потрошени речиси 2/3 од планираниот буџетски дефицит за цела година
