Во првиот квартал потрошени речиси 2/3 од планираниот буџетски дефицит за цела година
Потрошени 64% од планираниот буџетски дефицит за цела година. Според објавените податоци на министерството за финании, за 3 месеци министрите потрошиле над 400 милиони евра од вкупно 640те милиони до крајот на годината. Бројките, според министерката Кочоска се должат на предвременото плаќање камати за раздолжување, како и исплата на субвенции во земјоделството.
„Тоа се 130 милиони евра повеќе за каматни трошоци. Затоа што вратиме дел од обврзницата, која ја зеде претходната влада. Секоај година имаме за враќање стари долгови. Дел од министрите сметале дека треба во првиот квартал да си ги исполнат обврските. Тоа не значи дека ќе добијат повеќе пари понатаму, туку дека си ги исплатиле порано обврските.“, изјави Гордана Димитрисока Кочоска, министер за финансии
Кочоска уверува дека буџетот е во добра кондиција. Има зголемена реализација на капиталните расходи, како и поголеми приходи кај данокот на добивка и ДДВ-то. За податоците кои ги објави Светскка банка, каде растот на земјата се очекува да забави и да достигне 2,9 отсто, но и дека се неопоходни реформи на пазарот на труд затоа што нацијата старее и за 10 години секој 5-ти граѓанин ќе биде над 65 години, додека младите заминуваат во странство, министерката со став.
Не се согласувам. Кај нас младите се враќаат. Ситуацијата и во Европа не е таква каква што беше. За 10 до 5 години големи европски држави се очекува да банкротираат, така што гледаат во каква состојба е Европа и затоа се враќаат, додаде Кочоска.
Инаку во министерството денеска се одржа првиот состанок на Комитетот за јавни инвестиции, кој во следните 5 години ќе одлучува кои проекти, вредни 3,3 милијарди евра, ќе треба да се реализираат.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
