Бизнис
22. August 2026 - 16:51

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја

Цените на бакарот уриваат рекорди. За една година поскалел за речиси двојно. Тон се продава за 14.200 долари. а лани за истиот се плаќаше околу 9,800 долари. Ограничената понуда од рудниците и ниските залихи на берзите, создаваат притисок за дополнителн раст на цената.

Додека соседите профитираат од поскапениот бакар, нашиот во Иловица останува под земја. Во моментов кај нас активни се 4 рудници за метални суровини, а единствен за бакар е Бучим – Боров дол, кој полека ги исцрпува капацитетите  и произведува околу 8 илјади тони годишно. Иловица е предвидено да произведува до 16 илјади тони, но проектот е во застој. Со активно производство во период до 23 години, овој проект би можел значително да влијае за зголемување на извозот и приходите.

Само за споредба, Бугарија лани произвела руда во вредност од 2,2 милијарди евра, што е раст на приходите од  8% за една година, иако производството им се зголемило за само 1 отсто. Активно работат и останатите земји од регионот за отворање нови рудници и искористувања на потенцијалот на природното богатство.

Годишните приходи од рударскит сектор кај нас изнесуваат околу  250 милиони евра годишно. Денот на рударите, кој ќе празнува на  28 август, ќе се одбележи и со 8% помалку рудари од лани. Секторот брои околу 4 илјади работници.