Дизелот од полноќ поскапува за 6,5 денари, бензините за 4,5 ден/литар
Значително поскапување на горивата од полноќ. Бензините поскапуваат за 4,5, за 6,5 денари по литар. Регулаторната Комисија одлучи новата цена на дизелот да изнесува 98 денари, на Еуросупер 95 окатани - 91,5, додека на 98-цата 93,5 денари. Зголемената цена се должи на растот на цените на нафтата на светските берзи, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот. Овие цени се со намалена акциза од 2 денари за бензините и 4 за дизлеот.
Поспувањето во просек е за околу 5 отсто.
На светските берзи пак, цената и натаму е во пораст. Барел се продава за околу 90 долари. Аналитичарите очекуваат оваа недела растот да продолжи, но без поголеми осцилации.
- Ако се сеќавате, кога почна војната, веднаш видовме скок на цената, која отоде над 120 долари за барел. Но сега, после толку многу циклуси на ескпалација и деескалација, луѓето некако се навикнаа на ваквите вести и се повеќе ги позвруваат овие брјки со основните економски фактори, а не толку со пазарното расположение. Значи, влијанието на пазарното расположение врз вкуната цена, со тек на време се намалува, изјави Сушант Гупта, Директор за истражување на пазарите на сурова нафта и рафинирање
Иако побарувачката на нафта во вториот квартал е намалена, залихите постепено се топат. Ако неизвесноста продолжи, во следните 5,6 месеци, ќе дојде до значително исцрпување на залихите, а со тоа и скок на цената
- Тогаш пазарот ќе почне да паничи. Цените ќе мора да се зголемат за да се воспостави рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката. Ако проблемот со недостиг се реши, тогаш се ќе зависи од побарувачката. Очекуваме цените да се згоелмат до ниво на кое земјите и економиите ќе почнат да ги чувствуваат негативните последици.
Во меѓувреме, заглавија преговорите за крај на војната, а американскиот претседател Трамп не отстапува од идејата Иран да нема нуклеарно оружје.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
