Македонија
27. July 2026 - 13:53

Тешко повреден 21-годишник откако паднал од прозорец на автомобил во движење

На 27.07.2026 околу 01:35 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Солидарност“ во Штип, од отворен прозорец на патничко возило  „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Б.С.(22) од Штип, паднал сопатникот Н.А.(21) од Штип.

Притоа, сопатникот Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во  Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.