Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
Со Дополнетиот ребаланс вкупните приходи се ревидираат на 379,5 милијарди денари, што претставува зголемување од 1,2 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Вкупните расходи се ревидираат на 425,8 милијарди денари или повеќе за 2,8 отсто од првичните проекции. Буџетскиот дефицит е проектираниот на 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП.
Предложениот ребаланс на буџетот обезбедува дополнително забрзување на капиталните инвестиции, поддршка на земјоделството, општините и развојните приоритети на Владата. Ова во образложението го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска која рече дека измените се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност и развој.
Ребалансот кажа тој е одговор на предизвиците што ги носи неизвесноста на глобално ниво и континуитетот на развојните политики што даваат резултат.
Од опозициската СДСМ велат дека иако Ребалансот се претставува како развоен документ, зад зборовите „инвестиции“ и „стабилност“ стојат нови задолжувања, поскапи камати, недовршени проекти, одложени фактури
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
