Депониите главен ризик за пожари во струмичко
Видеонадзор на критичните локации, засилени полициски патроли и мониторинг со дронови се дел од препораките на Локалниот совет за превенција за спречување на пожарите на депониите во Струмичко. Покрај превентивните мерки, институциите бараат и поригорозно санкционирање на сторителите. Од Дирекцијата за заштита и спасување се децидни , без казни за несовесните граѓани проблемот не може ефикасно да се надмине.
Според дел од градоначалниците во регионот, краткорочните мерки се неопходни, но не се доволни. За трајно решавање на проблемот со дивите депонии, велат тие потребен е системски пристап и целосна промена во управувањето со отпадот.
Потребата од такви мерки ја потврдува и еден од последните случаи во Струмица. Комуналните инспектори затекнале лица кои нелегално истовариле стар отпад и формирале нова дива депонија. Случајот е пријавен до надлежните институции, а против сторителите ќе бидат преземени соодветни мерки.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
