ТАВ Македонија и Виз Ер ќе информираат за авиолиниите од Скопје до Лион и Барселона

Генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт и Андраш Радо, раководител за комуникации во „Виз ер“ денеска на прес-конференција ќе информираат за новата авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Лион, како и за повторното воведување на летот од Скопје за Барселона, коишто според претходните најави, треба стартуваат на 3.ти следниот месец.
Според најавите, летови за Барселона ќе има двапати неделно, секој вторник и сабота, а за Лион трипати, секој вторник, четврток и сабота. Авиолиниите се реализираат со субвенции од Владата. „Виз ер“ согласно Договорот за финансиска поддршка, од 29 септември треба да ја воведе и авиолинијата Скопје - Штутгарт, која ќе ја опслужува три пати неделно, во понеделник, среда и петок, а од 27 март се опслужува линијата Охрид - Истанбул.
Со последниот повик за субвенционирани летови беше најавено дека повторно ќе има лет на релацијата Скопје - Дубаи и требаше да стартува на од 30 март, но „Флајдубаи“ побара нејзино пролонгирање за наесен.
Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела на седница за пратенички прашања во информација за посетата на Обединетите Арапски Емирати рече дека се преговара за линија од Абу Даби до Охрид, а вицепремиерот Александар Николоски претходно соопшти дека се разгледуваат и можностите за авиолинија Скопје - Прага.
Ново на Сител
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
