Македонија
8. May 2026 - 12:21
Генералка викенд во Скопје
Денеска, утре и задутре ќе се чисти на повеќе од 500 локации во 80 општини. Во акцијата се вклучени десетици илјади волонтери, околу 600 организации, јавни институции, компании и општини, во координација со Црвениот крст.
Централната акција во Скопје ќе се одвива долж кејот на Вардар, од реката Лепенец до мостот „Киро Глигоров“, каде што волонтери, институции, компании и училишта ќе се вклучат во чистење на најголемата зелена и рекреативна зона во главниот град.
-->
-->
