Македонија
8. May 2026 - 16:39

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?

За жртвите на семејно и сексуално насилство едвај и да се одвојуваат пари од државниот буџет, шелтер центрите се во катастрофална состојба покажуваат анализите, а нема ниту психо-социјална поддршка за жртви од силување која е предвидена со закон. 

Во период кога се повеќе жени се охрабрени да го пријавуваат насилството кое го трпат, по последните трагични настани во Македонија, каква помош им пружа државата за да се спасат од насилникот и да продолжат понатаму? 

Потребни се околу седум милиони евра на годишно ниво, помалку од 1% од државниот буџет за жртвите на насилство да ги добијат најнужните услови, како засолништа, СОС центри, правна помош.

Од 2022та до 2025та година државата одвоила многу помалку од еден процент за услуги за жртвите. Од Националната мрежа против насилство врз жените ја поканиле и министерката за финансии на денешниот настан како клучен фактор за да може да функционираат сервисите за помош, но никој не им одговорил. 

Државата е должна да ги обезбеди потребните средства бидејќи ги презела овие обврски со ратификација на Истабунската конвенција, а со тоа што не ги извршува обврските прави дискриминација, велат правниците. Ќе поднесат и претставка до комисијата за заштита од дискриминација бидејќи министерството за здравство не обезбедило сервис за психо-социјална поддршка на жртвите од силување, иако законски тоа требало да го направи уште од 2021та година. 

Во моментов недостигаат 24 засолништа, осум советувалишта и отворање на повеќе упатни центри за жени жртви на сексуално насилство.