Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во Вашингтон се сретна со директорот на Агенцијата за безбедносна соработка (АНС) на САД Мајк Милер.
-Значајни средби и стратешка соработка! Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет, имајќи ја предвид нивната клучна улога во обезбедувањето на стабилноста и безбедноста на регионот, напиша Мисајловски на својот Фејсбук профил.
На средбата, информира Мисајловски, разговарале за досегашната успешна соработка меѓу двете држави во областа на одбраната, која се реализира преку програмите за поддршка преку кои САД обезбедуваат финансирање, опрема и поддршка за сојузничките земји.
-Во следниот период предвидени се нови набавки насочени кон модернизација и јакнење на капацитетите на Армијата. Соработката со нашиот стратешки партнер САД продолжува со засилено темпо, со јасна заедничка определба за понатамошен развој и унапредување на одбранбениот сектор, наведува Мисалјовски.
Мисајловски вчера во Пентагон остварил средба и со помошникот секретар за меѓународни безбедносни прашања, Даниел Зимерман.
-На средбата беше потврдено дека стратешкото партнерство и соработката во областа на одбраната се на исклучително високо ниво. Ова претставува цврста основа за нивно понатамошно продлабочување, унапредување и дополнително зајакнување на партнерството со Соединетите Американски Држави, во интерес на регионалната и глобалната безбедност. Воедно, изразив благодарност за досегашната поддршка, која има значајна улога во развојот и модернизацијата на македонските одбранбени капацитети, како и во зајакнувањето на нашата подготвеност и интероперабилност со сојузниците, истакна Мисајловски.
МИА
Ново на Сител
-

Шест нови мерни станици за следење на квалитетот на воздухот во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
