„Скајп“ отиде во историјата

Веќе легендарната платформа за интернет-разговор на „Мајкрософт“ - „Скајп“ (Skype) замина во историјата. Постоечките корисници на „Скајп“ ќе можат бесплатно да се префрлат на „Мајкрософт тимс“ (Microsoft Teams) користејќи ги нивните имиња и лозинки за најавување. Така, и нивните контакти и историјата на разговори ќе се префрлат на другата платформа.
Исто така, треба да се напомене дека корисниците имаат рок до јануари 2026 година да ги префлат своите податоци, по што тие ќе бидат избришани.
„Ја поедноставуваме нашата понуда за бесплатна комуникација за подобро да се прилагодиме на потребите на нашите корисници“, се вели во соопштението на Мајкрософт.
„Мајкрософт тимс“ е бесплатен, но сепак има неколку недостатоци во споредба со „Скајп“, според познавачите. Тука се групните видеоповици коишто на поновата платформа се ограничени на 60 минути, а исто така, не е достапна услугата „плаќаш колку што трошиш“ за повици, како ни СМС-пораките што се плаќаат, како што беше случајот со „Скајп кредит“.
Од своите скромни почетоци во 2003 година и неколку големи аквизиции, вклучително и купувањето од „Мајкрософт“ во 2011 година, „Скајп“ беше една од највлијателните платформи за видеоповици последниве 20-на години.
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
