Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
Барањата кои ги испорачува Бугарија не се нови туку истите на кои се согласила минатата влада во 22-ра, вели премиерот Мицкоски по средбата меѓу двете претседателки во Софија. Освен менувањето на Уставот, Бугарија притиска и за Акцискиот план за малцинства, работата на историската комисија и Вториот протокол, тврди Мицкоски. Иако е оптимист вели дека разговорите кои се воделе во Софија се целосно различни од тоа што тој го разговарал со Мерц и Макрон во Тиват.
Дека не станува збор само за уставните измени како барање потврди и македонската претседателка по вчерашната средба со Јотова.
Бугарија очекува Македонија да ги исполни како што велат европските критериуми за членство во ЕУ. По средбара со македонската делегација од кабинетот на Јотова преку соопштение бара да се почитуваат правата на македонските Бугари и да се стави крај на говорот на омраза во Македонија.
Претседателката истакна дека Северна Македонија треба да го исполни францускиот предлог од 2022 година, кој самата го прифатила и кој стана заедничка европска позиција за пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ. Илијана Јотова нагласи дека станува збор за европски критериуми за членство, а не за бугарски барања. За да ги започне преговорите, Скопје треба да ги исполни своите обврски, односно Бугарите да ги внесе во својот Устав.
Скопје и Софија се согласиле разговорите и дијалогот да продолжи но ниту една од страните не прецизира какви конкретни чекори следуваат во однос на интеграциите.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
