Македонија
12. јуни 2026 - 12:12

Не запира уништувањето на рибниот фонд

Не запира уништувањето на рибниот фонд во Охридското езеро.  На македонскиот бисер му се заканува осиромашување со риби. Деновиве  75 годишно лице од Пештани беше затекнато при акциска контрола на полициските службеници на  брегот на Охридското езеро при извршување на кривичното дело „незаконит риболов“. Притоа биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба и една рибарска мрежа.

Екологистите бараат построги казни и поголеми контроли на Охридскоти езеро.

Според добрите познавачи загрозени се сите видови на риби  , а особено заради немилосрдното ловењето кога рибата е во мрест. Штетата, за жал, никој не може ниту да ја претпостави, бидејќи, не се знае  колку риби завршиле фатени во мрежите ,биле шверцувани од Албанија, ,завршиле на домашниот пазар, а колку во приватни нелегални мрестилишта.