Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
Нов пожар во околината на Штип на само еден километар од претходниот, кој успешно беше локализиран, но овој пат има повредено едно лице, а 3 викендици се опожарени. Огнот попладнево се прошири по ридовите Клисибар и Кумлак, заканувајќи се да опожари 15-тина викенд куќи, лоцирани во непосредна близина. Во една од нив, бил сопственикот кој се обидел да ја изгасне запалената викендичка и само благодарение на брзаата интервенција на пожарникарите доброволци му е спасен животот.
- Пожарот се проширил за неполни 5 минути. Силниот ветер го докарал до самата куќа на човекот. За жал, тој пробал што може сам, изјави Александар Георгиев, ДПД-Штип.
- Човекот беше внатре, одеднаш се запали кровот, почнавме да гасиме, влеговме внтаре и едвај го извадивме, изјави Методи Јованов, ДПД-Штип.
- Приоритет ни беше човекот, да го донесеме до Клиничка болница, спасен е човечки живот, додаде Георгиев.
Сопственикот на викнедичката се здобил со изгореници по екстремитетите и вдишал чад. Хоспитализран е во штипска клиничка и е надвор од животна опасност. Лицата кои учествуваа во гаснењето на пожарот тврдат дека овој пат причинител е човечки фактор.
- Најодговорно тврдам, јас и луѓето кои биле таму на лице место, дека пожарот е подметнат, изјави Георгиев
Поради непристапноста на теренот, сувата вегетација и силниот ветер, на помош беше повикана и Дирекцијата за заштита и спасување.
- Еден ер трактор веднаш полета и беше еден од оние кои помогнаа, но сепак пожѓарникарите на земја кои пожртвувано и храбро се бореа, го имаа клучниот момент за успех да се изгасне овој пожар, изјави Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.
Ангелов апелира, сопствениците на викендици превентивно да ја остранат тревата во дворите, која може да биде опасна за нивните објекти.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
