Саркози повикан да сведочи во Апелациониот суд

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска ќе сведочи на судењето пред Апелациониот суд во Париз по обвинението дека ја финансирал својата претседателска кампања во 2007 година со средства добиени од режимот на поранешниот либиски претседател Моамер Гадафи.
Саркози ќе мора да одговори на неодамнешните обвинувања од неговиот поранешен шеф на кабинетот и близок соработник Клод Жан, кој ги негираше тврдењата на поранешниот француски претседател изнесени за време на неговата одбрана пред кривичен суд, објави телевизијата БФМ.
Обвинителството ги обвинува Клод Жан и Брис Ортефеј, поранешен француски министер за внатрешни работи за време на мандатот на Саркози, за учество во „коруптивни дејствија во име на Никола Саркози“, кој наводно им дозволил да разговараат за тајно политичко финансирање со либиските власти.
За возврат, поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи наводно побарал преиспитување на правната состојба на неговиот зет, Абдула Сенуси, втор човек на либискиот режим, кој беше осуден на доживотен затвор за поставување бомба во авионот UTA DC-10 во 1989 година, при што загинаа 170 лица.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинета во случајот „ИПАРД“ призна вина
-

Пораките на Димитровска објавени во судница
-

Функционерите не ги пријавуваат подароците кои ги добиваат во Антикорупциска
-

Кривични пријави за 6 лица од стоматолошката комора - заработиле половина милион евра со злоупотреби на лиценци
-

Михаела Доцова избрана за претседател на бугарскиот Парламент
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
