Преглед на вестите од светот
Мировните преговори помеѓу САД и Иран се водат преку телефон. Нуклеарното прашање останува камен на сопнување обајви американскиот претседател Трамп. Повтори дека Техеран ќе мора да се откаже од какви било амбиции за нуклеарно оружје за да обезбеди договор и укинување на поморската блокада иранскиот извоз на нафта.
-Само кажете: „Се откажуваме. Се откажуваме. Тие нема да имаат нуклеарно оружје. Тие го знаат тоа и скоро сите други го знаат.“
Некои американски медиуми пренесоа дека Централната команда на војската на САД подтогува нови воени операции во Иран и дека побарала хиперсоничната ракета Темен орел да биде испратена на Блискиот Исток со цел да се принуди Иран на поголема флексибилност во преговорите за нуклерната програма.
Во порака пренесена преку иранските државните медиуми врховниот лидер на Иран Моџтаба Хамнеи изјави дека американското воено присуство на Блискиот Исток е главен извор на регионална нестабилност и дека иднината на Персискиот Залив и Ормутскиот теснец ќе биде без американско влијание и ќе се темели на развој и просперитет на регионалните држави. Во мегувреме медиајторите во Пакистан очекуваат ревидиран мировен предлог од Иран.
Предходниот ирански предлог, кој американската страна го отфрли, прво предвидуваше крај на конфликтот, а потоа решавање на прашањето за нуклеарната програма. Трамп објави дека во синокешниот телефонски разговар со рускиот колега, Путин предложил Русија да ги смести кај неа иранските залихи на збогатен ураниум.
Според проценките на Пентагон, досега Соединетите Држави потрошиле над 25 милијарди долари за војната со Иран.
Освен за состојбата на Блискиот исток, Трамп и Путин во телефонскиот разговор зборувале и за руско-украинската војна. Рускиот престедател предложил еднодневно примирје со Украина на 9 мај, кога Русија ја слави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
-Владимир Путин го информираше својот американски колега дека е подготвен да прогласи примирје за време на прославите на Денот на победата. Трамп активно ја поддржа иницијативата, истакнувајќи дека празникот ја означува нашата заедничка победа над нацизмот во Втората светска војна.
„Трамп ја нагласи важноста од прекин на непријателствата во Украина што е можно поскоро и дека е подготвен да направи сè што е можно од своја страна за да помогне во постигнувањето на тоа. Неговите блиски помошници ќе продолжат со контактите и со Москва и со Киев. Доналд Трамп верува дека договор што би го завршил конфликтот во Украина сега е блиску.“
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека ке бара од својот тим да ги разјасни деталите на предлогот преку контакт со тимот на Трамп. Украина ѝ предлага на Русија подолгорочен прекин на огнот, истакна Зелески, додвајки дека се подготвени за сериозен мировен процес.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
