Македонија
30. April 2026 - 16:32

Пораките на Димитровска објавени во судница

Не споделувај со никој тоа што ти праќам, му напишала на Вибер, поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска на екс директорот на ТЕЦ Неготино, откако му пратила неколку фајлови од одлуки и иницијативи на ДКСК во време кога раководеше со институцијата, а се однесуваат на постапки за кривично гонење, како и отворање на предмет за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино.

Стојановиќ барал таа да проверува како за него, така и за неколку други фирми, меѓу кои и фирмата на неговата сопруга.

Според Обвинителството, пораките се испраќани во период кога се водело предистрага, а Стојановиќ со пораките од Димитровска добивал предвремено информации, со кои би можело да се влијае во предистржната постапка.

Според одбраната на Димитровска, со пораките не може да се докаже кривично дело. Јавно и транспарентно на седница на ДКСК е расправано за одлуките.

Димитровска е обвинета за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Следното рочиште е на 5 мај каде одбраната ќе ги презентира нивните докази.