Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска учествуваше на пленарната сесија на самитот Украина - Југоисточна Европа, организиран по повод Денот на државноста на Украина - информираат од МЕП.
Во обраќањето Сали истакнал дека земјата останува цврсто посветена на поддршката на Украина потврдувајќи ја и својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност со меѓународното право.
Тој нагласил дека нашата држава од самиот почеток на руската агресија обезбедува политичка, хуманитарна, воена и техничка поддршка за Украина и ќе продолжи да го прави тоа во тесна координација со Европската Унија и евро-атлантските партнери.
Осврнувајќи се на значењето на самитот, Сали истакнал дека соработката меѓу Украина и земјите од Југоисточна Европа е од суштинско значење за зајакнување на регионалната стабилност, поддршка на обновата на Украина и изградба на побезбедна и пообединета Европа.
Во однос на европската интеграција, министерот Сали потенцирал дека како земја кандидат со долгогодишно искуство во пристапниот процес подготвени сме да ги споделиме своите искуства, експертиза и институционални капацитети со Украина на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија.
Тој посочил и дека меморандумот за соработка меѓу институциите на двете земји претставува значајна основа за понатамошно продлабочување на партнерството и развој на конкретна соработка во поддршка на европската интеграција на Украина.
На крајот, министерот Сали повторил дека Северна Македонија ќе остане сигурен партнер и силен поддржувач на Украина во нејзините напори за мир, безбедност и членство во Европската Унија.
МИА
Ново на Сител
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
