А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
А1 Македонија слави седум години со нова комуникациска платформа, која компанијата ја заокружува со пораката „Твој А1“.
Од таму велат дека во фокусот се луѓето и нивните потреби, а технологијата треба да биде во нивна служба.
„Само овие 7 години инвестиравме 250 милиони евра во технолошки платформи, технолошки решенија и тоа сѐ со цел за да го подобриме квалитетот на сервисот, квалитетот на нашите услуги, нормално за врвно корисничко искуство, задоволство на нашите корисници на искуство и преку А1“, изјави главниот извршен директор на А1 Македонија, Методија Мирчев.
По повод роденденот, компанијата воведува и специјална понуда за корисниците на тарифата А1 Combo L. Тие добиваат седум месеци пристап до стриминг услугите Netflix, HBO Max, SkyShowtime и FILMBOX+ Stream.
Корисниците на А1 Combo можат да изберат и премиум смартфони по роденденски цени – iPhone 17 за 1.499 денари месечно или Samsung Galaxy S26 за 999 денари месечно.
„Сакаме на македонските семејства да им овозможиме повеќе забава, повеќе дружење, навечер кога се сите заедно пред телевизорот да можат да избираат било каква содржина којашто во тој момент им изгледа атрактивно“, изјави директорката за маркетинг и дигитална трансформација на А1 Македонија, Елена Панова.
Технологијата нè движи напред, но она што вистински вреди нè поврзува, велат од А1.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар
