Македонија
26. August 2026 - 16:39

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето

Последните најави од Брисел за зајакнати мехнизми за проширување на Унијата се позитивен сигнал за македнската влада оценува министерот за европски прашања Беким Сали. Според него, влада во моментов е фокусирана на спроведување на обврските од реформската агенда во поставените рокови до 2028-ма година.

Иако Македонија добива пораки дека ја следи динамиката на исполнување, вели потребни се интензивни чекори за реализација на обврските.

Ресорниот министер вели дека на маса се уште нема никакви насоки за менување на критериумите, а комуникацијата со европските институции во моментов е на одлично ниво.

Опозицијата пак повторно го обвинува премиерот Мицкоски дека и врти грб на Европската Унија, ја оддалечува земјата и го блокира европскиот пат додека испраќа поддршка за американската администрација.

- Мицкоски сака да каже дека Македонија, наместо во ЕУ, треба да биде во релација само со САД, нашиот најважен стратешки партнер. Некој треба да му објасни на Мицкоски дека оваа приказна за спинување на блокирањето на ЕУ-патот и целосна изолација на земјата не поминува со оваа теза. Членството во ЕУ и стратешкото партнерство со Америка меѓусебно не се условуваат, напротив, се надополнуваат и создаваат синергија во интерес на Македонија, регионот и пошироката европска безбедност. Стратешките партнерства се компатибилни. Ако го напушташ европскиот пат тоа значи и напуштање и стратешкото партнерство со САД.

Македонските институции во моментов работат на пакет од 50-тина чекори, за кои роковите за исполнување се уште се отворени.

Еврокомесарката за проширување Кос испрати порака дека со светските промени мора да се промени и проширувањето, најавувајќи голема ревизија на политиката со која Европската Унија ќе се подготвува за прием на нови членки.