САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година

Американската администрација планира следната среда да поднесе обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро, изјави денеска функционер на американското Министерство за правда, потег што ќе го зголеми притисокот на САД врз комунистичката влада на Куба.
Функционерот рече дека обвинението против 94-годишниот Кастро се однесува на инцидент во 1996 година кога кубански борбен авион собори авиони што превезуваа кубански бегалци.
Канцеларијата на обвинителот во Мајами ќе го објави обвинението на настан посветен на жртвите од инцидентот.
Раул Кастро е братот на покојниот Фидел Кастро, револуционерот кој со децении ја водеше кубанската комунистичка влада. Раул Кастро се повлече од функцијата претседател во 2018 година, а од шеф на Комунистичката партија во 2021 година.
Во времето на инцидентот во 1996 година, тој беше министер за одбрана. Кубанската влада тврдеше дека нападот бил легитимен одговор на упад во воздушниот простор на земјата.
Случајот против Кастро потсетува на обвиненијата за трговија со дрога против поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кои администрацијата на Трамп ги искористи за да го оправда киднапирањето на Мадуро во Каракас и префрлањето во САД за судење.
Во март, Трамп ѝ се закани на Куба дека таа е следна по Венецуела.
МИА
Ново на Сител
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
