Преглед на вестите од светот
Со обикола и чај во комплексот Џонгнанхај во Пекинг, Трамп и Џинпинг го финишираа самитот. Домакинот, го оцени самитот како историски и пресвртиница во односите помегу САД и Кина. Во сепември се очекува кинескиот претседател да ја посети Белата куќа.
-Воспоставивме нов однос меѓу нашите две земји, конструктивен и стратешки однос. Ова може да се каже дека е пресвртница во посетата и постигнавме многу разбирање за резултатите од соработката, изјави Си Џинпинг, претседател на Кина
Трамп е меѓу ретките странски лидери кои биле во коплескот кој вклучува градини, езера и канцеларии на највиоските кинески државни претставници. Задоволен како поминала неговата триденвна посета на Кина.
-Ова беше неверојатна посета и мислам дека од неа произлегоа многу, многу добри работи. Склучивме неколку фантастични трговски договори, одлични за двете земји. Тој е човек кого многу го почитувам. И решивме многу различни проблеми што другите луѓе не би можеле да ги решат, а односот е многу силен.“
Се пофали дека Пекинг се согласил да купува нафта од САД и да набави 200 авиони боинг на темата Иран,Трамп соопшти дека кинескиот претседател се согласил со него дека Ормтутскиот теснец мора итно да се отоври за меѓународен транспорт на енергенси и дека на Иран не смее да му се дозволи да има нуклеарно оружје. Тврди и дека се договорил со Си Џинпнг, Кина да не испрака воена помош на Техеран, поддржувајќи ги неговите напори за прекин на огнот. Кинескиот лидер не даде даде коментар за разговорите со Иран. Шефот на иранскаат диплоамтија изјави дека преговорите помегу САД и Иран страдата од недостаток на доверба, нагласувајки дека Техеран сака јасни, прецизно дефинирани услови пред да се постигне каков било договор.
-Најважното прашање во моментов е прашањето за доверба. Воопшто не можеме да им веруваме на Американците. Сè треба да биде многу јасно дефинирано пред да можеме да склучиме договор. Што се однесува до нас, Ормутскиот теснец е отворен и сите бродови можат да поминат, освен, освен бродовите што им припаѓаат на оние земји што се во војна со нас, кои се борат со нас, изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.
Бројот на жртви од рускиот напад врз Киев се искачи на 24 лица, вклучувајќи три деца, соопшти Државната служба за вонредени состојби на Украина утрово, откако спасувачите ја заврија опреацијата за пребарување што траеше повеќе од 20 часа. Бројот на повредени се искачи на 48 лица. Во Киев денеска е ден на жалост.
-Толку е трагично - и децата и возрасните кои едноставно се одмараа, сонуваа, си го продолжуваа животот, работеа. И тие (Русите) ги збришаа во еден миг - тие едноставно збришаа луѓе.“
-Нашата младина не го заслужува ова.
Според Зеленски, станбениот блок бил погоден со ракета. Побара построги и поболни санкции против Русија.
-Детално истражуваме точно кое оружје - ракети и беспилотни летала ги користеле Русите овој пат. Според прелиминарните податоци, ракета Х-101 погодила зграда во Киев. Произведена е во вториот квартал од оваа година, што значи дека Русија продолжува да увезува компоненти за производство на ракети, потребни ресурси и опрема, заобиколувајќи ги глобалните санкции. Ова мора да биде вистински приоритет за сите наши партнери - да се спречат руските шеми за заобиколување на санкциите, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Во меѓувреме, руските власти соопшија дека украинските беспилотни летала ја нападнале областа Рјазањ при што загинале три лица. Погодена е станебан зграда и рафинеријата за нафта, сопственсот на компанијата Роснефт.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
