Македонија
14. May 2026 - 12:18

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда

Министерството за европски прашања и Институтот за европска политика денеска го организираат Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда.

На јавната панел-дискусија се обратија министерот за европски прашања и национален координатор за спроведување на Реформската агенда, Беким Сали и претставникот на Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин.