Македонија
13. May 2026 - 20:05
СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
СДСМ обвинува дека премиерот Мицкоски врши директен притисок врз обвинителот Савески по неговата реакција за запрената истрага за набавката во ТЕЦ Неготино.
Од опозицијата тврдат дека Мицкоски јавно му диктира задачи на обвинителството и дека тоа е доказ за политичка контрола во судството и јавното обвинителство.
СДСМ бара Савески да поднесе оставка и дека работи по нарачка на премиерот.
-->
-->
