Реакција на Филозофскиот факултет и деканот Бакрески на изјавите на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски

Филозофскиот факултет при УКИМ и Деканот Оливер Бакрески регаираат на вчерашното гостување на пораншниот просветен инспектор Ѓорги Илиевски, во Тема на Денот, отфрлајќи ги како неточни и тенденциозни неговите изјави, и оценуваат дека станува збор за обид да се дискредитира деканот и да се манипулира јавноста со невистини и бројни конструкции.
-Доколку не следи јавно извинување од страна на Ѓорѓи Илиевски за изнесените клевети, ќе биде покрената тужба пред надлежните органи. Непобитен факт е дека самиот Декан проф. Бакрески го пријави случајот во Просветниот инспекторат, покажувајќи институционална одговорност и академски интегритет. Факултетот ќе продолжи да работи во апсолутна согласност со законот и да се залага за беспрекорна законитост и заштита на сите студенти на Филозофскиот факултет. Сакаме да нагласиме дека: - Не постои комисија која ги разгледувала целосните документи за да констатира дека нема проблем. Постапката за селекција на кандидати на посдипломски студии е утврдена во подзаконските акти и ја спроведува наставно-научниот колегиум на студиската програма, а на докторски студии Советот на студиската програма утврдува прелиминарна и конечна листа, а не продеканот. Продеканот за настава е исклучиво одговорен за уписи на додипломски студии како претседател на конкурсната комисија, но не и за посдипломски и докторски студии, стои во реакцијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
