Расте интересот за фотоволтаици и кај граѓаните и кај бизнисот во Охрид
Се зголемува интересот за поставување на фотоволтаици во Охрид.Општината досега издала 20 одобренија за кровни инсталации и тоа најголемиот дел во индустриските капацитети и хотелите а моментално има 10 активни барања. Економската и енергетската криза ги примора граѓаните да размислуваат на таа тема па така голем број домаќинства и приватните потрошувачи се одлучуваат на ваква инвестиција која иако е скапа според анализите е економски оправдана.
Со новата измена на законот процедурата за добивање документација е олеснета за малите потрошувачи до 6 киловати за приватни и физички лица и до 40 киловати за правните лица.
Најголем дел од компаниите, фотоволтациите ги поставуваат на покриви со единствена цел да си ги намалат трошоци за електрична енергија, а тоа на годишно ниво може да биде околу 30 проценти.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
