Македонија
23. October 2022 - 16:37
Расте бројот на сиромашни
Расте бројот на социјално загрозени семејства во Охрид.
Според податоците на Црвениот Крст изминативе десет години бројката е дуплирана од 400 достигнува до 900 фамилии на кои им е неопходна помош.
Како што велат најчесто се бараат прехрамбени и хигиенски производи, но голем е бројот и на оние лица кои бараат помош за здравствени проблеми како оперативни зафати и транспорт до клиники.
Од Црвениот Крст од Охрод апелираат до граѓаните да бидат хумани и да се вклучат со донации за да им се помогне на најранливите.
Со цел да и се помогне на оваа ранлива категорија граѓани, по повод Неделата на борба против гладта, Црвениот крст спроведува кампања за помош на социјално најзагрозените, кои секојдневно се борат со гладта.Од досега собраните донации ќе може да опслужат околу 200 фамилии.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
