Полицаец во Перу се облекол како Дедо Мраз за да уапси дилери на дрога

Тим од перуански полицајци, од кои еден беше маскиран во Дедо Мраз за да остане „незабележан“, изврши операција против банда дилери на дрога во град северно од Лима, соопштија денеска локалните власти.
Полицајците успеале да изненадат двајца мажи кои продавале крек и марихуана во куќа во Хуарал, на околу 70 километри од Лима.
„Припадник на група полицајци се маскирал во Дедо Мраз за да остане незабележан во таа опасна област“, соопшти полицијата, додавајќи дека оваа „стратегија е крунисана со успех“.
Полицаецот, кој бил облечен во традиционалната носија на Дедо Мраз, имал задача да ја скрши вратата од куќата и да уапси еден од осомничените.
Во акцијата се уапсени две лица и запленети се стотина пакувања со крек и марихуана чија вредност се уште не е утврдена од надлежните органи.
Веќе извесно време, перуанската полиција редовно гаѓа осомничени криминалци кои користат маски и спроведува операции започнати на посебни датуми.
Така, на 31 октомври слична акција беше спроведена и на Ноќта на вештерките, исто така против дилери на дрога.
Ново на Сител
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
