-->
-->
Почина Квинси Џонс
-->

Познатиот продуцент, музичар и актер Квинси Џонс, почина на 91-годишна возраст.
Тој почина во неделата вечерта, во својот дом во Лос Анџелес, опкружен со своето семејство.
Неговата кариера траеше повеќе од 70 години, со рекордни 80 номинации за Греми награди и 28 победи.
Џонс беше една од најсестраните фигури во поп-културата на 20 век, можеби најпозната по продукцијата на албумите Off the Wall, Thriller и Bad за Мајкл Џексон во 1980-тите, што го направи пејачот најголемата поп ѕвезда на сите времиња.
Џонс исто така продуцираше музика за Синатра, Арета Френклин, Дона Самер и многу други, пишува Гардијан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
