Македонија
19. May 2026 - 20:11

Филипче: Власта води лицемерна политика

Лицемерие во власта видел опозицискиот лидер по одлуката на мнозинството во Собранието да не го поддржи предлог законот на СДСМ со кој министрите ќе можеа да имаат само македонски пасош.

Во владејачката партија и денеска ја обвинуваат опозицијата за како што велат, мекотелна политика.

Министерот Муцунски вчера во Собранието уште еднаш повтори дека во моментов нема услови за уставни измени информирајќи дека и официјално побарал средба со новата бугарска министерка за надворешни работи.