Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
Нови 4-ца заболени од западнонилска треска регистрираше скопскиот центар за јавно здравје. Сите се над 65 годишна возраст, двајца се од Центар и по еден случај од Кисела Вода и Студеничани. Досега инфицирани се 42 лица. Помеѓу нив нема врзани случаи, односно не се од исти семејства.
На Инфективна на болничко лекување поради воспаление на мозокот и мозочната обвивка примени се тројца нови пациенти. На клиниката хоспитализирани се вкупно 22 лица, 5 –мина повозрасни се уште се во тешка состојба и на апарати за дишење.
Опозицијата со критики до власта за начинот на кој се справува со епидемијата.
Лидерот на СДСМ прашува кој ја менаџира кризата и зошто има толкав број на заболени од западнонилска треска.
Со слични обвинувања преку соопштение излегоа и од Левица. Од партијата пишуваат дека биле дадени милиони за прскање без доказ дека делува . Дезинсекциите биле правени од исти фирми и средства, а сѐ поголем проблем со комарците.
Од ДУИ прашуваат што презеле по појавата на првиот случај со западнонилска инфекција и бараат редовно објавување на јавноста и јавно објавување на договорите за дезинсекции.
-ДУИ бара: 1. Итно активирање Национален план за справување со вирусот Западен Нил.
2. Засилен епидемиолошки надзор и систематска контрола на комарците, особено во подрачјата со зголемен ризик.
3. Јасна координација меѓу Министерството за здравство, Институтот и центрите за јавно здравје, општините, ветеринарните и еколошките институции, Имране Велиу, од ДУИ
Министерот за здравство вчера потенцираше дека прскањето против комарци било согласно годишниот план, а средствата биле препорачани од СЗО. За утре најави координација со градоначалниците од засегнатите општини за локација на застоените води и дезинсекција од земја на овие места.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
