Македонија
20. August 2026 - 16:36

Кочоска: Голем простор во буџетот за дополнителни мерка нема

Голем простор во буџетот за дополнителни мерки нема, но Владата прави напори  да се ублажи ценовниот шок. Целта за стабилизација на инфлацијата, со досегашната помош, министерката за финансии смета дека е постигната. Но пари за идни, непредуктивни трошоци, вели дека нема.

-Големи бафери за дополнителни мерки во буџетот нема. Не велам дека буџетот е во лоша кондиција, но и ние дома немаме пари за се. Така што, пари нема за се, не сакам да се трошат пари непродуктивно, вели министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска.

Пресметка колку до сега чинат владините мерки за ублажување на ценовиот шок од поскапувањата на горива,  се уште нема.  Намалениот данок и акцизи се компензиираат со зголемената наплата на приходи кај истите, заради поголемата количина на горива што се троши.

До кога ќе се точи наејевтио гориво од регионот, не се знае.  Ако се следат сигналите од светските берзи, растот на цената на нафтата ќе продолжи, што ќе предизвика поскапување и кај  транспортот и храната. Сепак, Кочоска не очекува повисока инфлација од проектираните 4,5 отсто со ребалансот.

-Кочосака подобро да проектирате малку попесимистичко сценарио и секогаш да се радувате дека ќе биде подобро од тоа што сте го проектирале затоа што немаме комоција. Друго е да имавме сега, денес, 50 или 55% јавен долг во однос на БДП, па сега уште 5% да имаме простор да си правиме математика. Ние немаме и поради таа причина малку одиме со попесимистичко сценарио иако проекциите на ММФ и на Светската банка се под нашите за инфлацијата до крајот на година додаде Кочоска.

Откако пропаднаа преговорите САД-Иран, од почетокот на неделава цените на нафтата  се во нагорна линија. Денеска брент надмина  94 долари за барел. Скоро решение за крај на војната нема, Напротов американскиот претседател Трамп денеска најави најразорна економска операција против Иран, нарекувајќи ја Денот Д. Секоја држава која ќе му помогне на Иран, ќе се соочи со невидени економски последици.

Какви, Трамп не прецизираше, но на социјалните мрежи напиша - секоја земја што ќе им дозволи на своите финансикси институции, компании, аеродроми или владини субјекти да му обезбедат било каква помош на Иран , и самата ќе се соочи со огромни економски последици.

Техеран смета дека Трамп со ваквите закани сака да го одвлече вниманието од сопствената криза во Америка . Неуспешнаат политика која ја води, ќе му донесе само дополниелен пораз и непријателствосмета иранскиот министер за надворешни.