Почина глумецот Денис Вотерман
Британскиот глумец Денис Вотерман, познат по улогите во ТВ-сериите како „Мајндер“, „Свини“ и „Нови трикови“, почина вчера. Тој имаше 74 години.
„Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Денис почина мирно во болница во Шпанија. Тој почина вчера попладне, а покрај него беше неговата сопруга Пем. Семејството љубезно бара да се почитува нашата приватност во ова многу тешко време за нас“, соопшти неговото семејство.
Роден е во Лондон и образованието го добил во Театарската школа „Краун“. Вотерман ја почна својата кариера како дете, па на 12-годишна возраст е поканет да ѝ се приклучи на Кралската трупа „Шекспир“ во Стратфорд. Во своите тинејџерски години, тој се прослави во остварувањето „Само Вилијам“ на Би-би-си.
Денис Вотерман својата слава ја стекна во 1970-тите кога го глумеше наредник Џорџ Картер во полициската драма „Свини“. Глумеше и во 90-на други филмски и ТВ-проекти.
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
