-->
-->
Почина Џорџ Форман
-->

Џорџ Форман, американски боксер и поранешен шампион во тешка категорија, кој се прослави со рекламите за скара, почина на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Во објава на Инстаграм, семејството го опиша Форман како „хуманитарец, олимпиец и двократен светски шампион во тешка категорија, нагласувајќи дека тој е длабоко почитуван, дисциплиниран, уверен во своите вредности и заштитник на своето наследство, неуморно борејќи се да го зачува своето добро име - се за доброто на неговото семејство.
Форман го загуби првиот шампионски појас во 1974 година на мечот против Мухамед Али, но речиси две децении подоцна, тој повторно стана шампион, победувајќи го Мајкл Мареј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
-

СДСМ: Срамни обиди за рехабилитација на осудените за 27 април
-

Стартува реконструкцијата на Универзална сала
-

Државата се дигитализира, но не сите со исто темпо
-

Дојран ја подготвува првата инклузивна плaжа во државата
-

Преглед на вестите од светот
