Македонија
14. November 2022 - 12:19

По цели 9 години украдените икони од струшко пронајдени во Албанија

Украдените икони од струшко пронајдени во Албанија се очекува до крајот на годинава да се вратат во земјава. 20 тина вредни икони украдени од неколку цркви од струшките села во 2013 година полицијата ги пронаде во соседна Албанија .Станува збор за непроценливо историско и културно богатство кое девет години чека административни процедури , последните информации се дека иконите се чуваат во два музеи во Тирана.

Станува збор за сложен и комплексен систем на откривање и пронаоѓање ,државата започна втора постапка  за враќање на   40  украдени  икони од земјава кои албанската полиција, во април годинава повторно ги заплени  во Тирана.

Проценките се дека од земјава се украдени 1000 вредни артефакти и икони. Познавачите пак, велат дека бројката е далеку поголема и се движи околу 3000 предмети - што е доволно да се наполнат неколку музеи. Ова вредно наследство ако досега завршуваше на црните пазари во Западна Европа, последниве години крајната дестинација им е Азија.