Петок 13 - што е параскевидекатриафобија?

Многумина сметаат дека петок 13-ти е малерозен. Ако и вам ви создава неубаво чувство, тогаш веројатно имате страв од петок 13 – параскевидекатриафобија, пишува британскиот „Телеграф“.
Се претпоставува дека ова популарно суеверие потекнува од средниот век, а некои сметаат дека има и библиска основа. Некои историчари тврдат дека тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога започнала поплавата и изградбата на Вавилонската кула. Во Новиот завет имало 13 луѓе кои зборуваат за маките на Исус на Велики четврток, денот пред распнувањето на Христос на Велики петок.
Постојат различни приказни за почетокот на суеверието за овој ден. Некои веруваат дека сè започнало кога Филип IV од Франција уапсил стотици темплари на 13 октомври 1307 година, датум кој се паднал во петок. Во приказната „Кодот на Да Винчи“, Ден Браун ја споменува егзекуцијата на темпларот Жак де Моле на петок 13. Наводно, тој ги проколнал папата и кралот на Франција.
Исто така, можно е дека романот „Петок тринаесетти“ (1907) на Томас Лосон одиграл значајна улога во ширењето на суеверието. Во романот, бескрупулозниот брокер користи суеверие за да создаде паника на Волстрит на петок 13-ти.
Денот остана запаметен како „црн петок“ и им „влеа страв во коски“ на Американците, а скептицизмот се прошири и во остатокот од светот, пред сè во Европа, каде петок 13. набрзо стана синоним за несреќа.
Стравот од бројот 13 е поврзан и со норвешкиот мит за 12 богови кои приредиле вечера на која дошол непоканет тринаесетти гостин. Тој го навел слепиот бог на темнината Ходер да го застрела богот на радоста Балдер. Откако умрел, целата земја беше покриена во црно.
Ново на Сител
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
