-->
-->
Пад на цената на нафтата
-->

На меѓународните берзи денеска барел нафта се тргуваше за помалку од 107 долари. Намалувањето на цената на нафтата се должи на пораките од САД за брзо завршување на војната со Иран и поминувањето на супертанкер низ Ормуска Теснина.
На берзата во Лондон попладнево барел нафта се тргуваше за 106,84 долари, што е за 4,44 долари помалку во споредба со вчера.
На американската берза нафтата поевтини за 3,70 долари во споредба со вчера и барел изнесуваше 100,45 долари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
