Македонија
14. May 2026 - 16:30

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје

За граѓаните е тешко да стигнат до резиденцијата на Водно но затоа во секое време ќе можат да дојдат во народната канцеларија на претседателката Сиљановска Давкова. Во строгиот центар на Скопје секој кој ќе има интерес и потреба ќе може да влезе, да постави прашање и да добие одговор. Овој простор нема да биде само административен шалтер за граѓаните, туку место кое ќе пулсира со поинаква енергија пред се која доаѓа од младите креативни и инспиративни граѓани. 

Скопската канцеларија е само почеток, вакви демократски катчиња претседателката најави дека ќе се отворат и во другите градови. 

Претседателската канцелација наменета за граѓаните првпат беше отворена во 2011 во мандатот на Ѓорѓе Иванов, беше во функција неколку години пред да биде целосно оштетена и демолирана за време на протестите на шарената револуција во 2016та. По ова следниот претседател Стево Пендаровски на истото место во 2019 ја отвори како Млади хаб, ова е трето отворање на местото наменето за граѓаните, младите, пензионерите.