Македонија
5. August 2026 - 16:32

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перфоманс за 35 години независна Македонија

Музиката, движењето и традицијата добиваат нов спој во спектакл што преку современ сценски јазик раскажувa зa приказна за идентитетот, културата и заедништвото. 

Во Националната опера и балет течат подготовките за музичко-сценскиот спектакл што на 9 август премиерно ќе биде изведен во Античкиот театар во Охрид по повод 35 години независна Македонија.  

Зад сцената се испишуваат последните страници од една несекојдневна уметничка приказна. Камерата на Сител влезе зад завесите - на генералната проба,  токму таму каде што секое движење, секој тон и секоја емоција го добиваат својот конечен облик. 

Режисерот Дејан Пројковски најавува спектакуларна продукција со силна визуелна естетика, жива музика и динамична кореографија. 

Во проектот учествуваат бројни уметници од различни генерации – актери, музичари, танчери и изведувачи, со идеја да се покаже дека традицијата продолжува да живее преку младите.

Музиката е еден од носечките елементи на овој спектакл. Претставувал вистински предизвик, раскажува композиторот за Сител.

Додека последните детали се усовршуваат, атмосферата во Националната опера и балет открива дека спектаклот веќе живее – уште пред да излезе пред публиката.

На истата сцена се среќаваат различни генерации, а традицијата и модерното се спојуваат во музичко сценски спектакл што ветува незаборавно доживување. 

Музичко сценскиот перформанс ќе биде изведен низ плоштадите во повеќе градови.

Оваа точка претставува дел од серијата настани кои се организираат по повод незвисноста на Македонија. Во рамки на овој јубилеј најавени се и настапите на Хозе Карерас и Macedonian all stars i na Дејвид Гета.